Пред да почнете со било која игра, морате да ги знаете правилата и основите. Во продолжение ќе се запознаеме со основи на Блекџек. Блекџек може да се игра со еден или повеќе шпилови карти. Колку повеќе шпилови карти се користат, толку шансата за казиното да освои добивка се зголемува, а таму каде што се игра со помалку шпилови, шансите за да добие ирачот се зголемуваат.

Повеќето казина имаат одреден број на маси на кои се игра блекџек, додека други ја немаат воопшто оваа игра во својата понуда.

Најчесто минималниот влог е 5 евра, но има и помали влогови, а најмногу влогот зависи од казиното, но во некои случаеви знае да достигне и сума од 50.000 евра. На една маса истовремено може да играат 6 луѓе, а акцијата почнува од дилерот лево. Дилерот секогаш е последен со потегот.

Играта почнува веднаш штом играчите ќе ги стават своите влогови на местото обележано за тоа. Обично дилерот знае да напомни дека влоговите, односно чиповите се редат по големина, така што најголемиот чип е најдолу. Кога дилерот ќе им каже на играчите дека повеќе нема вложување, тогаш веќе почнува делењето на картите.

Сите карти се делат за да се гледаат (face-up), a дилерот својата прва карта ја мести со лицето на долу, односно да не се гледа, а другите ги става на лице, односно сите да ги видат. Со анализа на картите кои ги има дилерот, играчите одлучуваат за продолжување на играта.

Играчите најчесто запираат кога збирот на нивните карти е помѓу 16 и 21, а ако имаат 11 или помалку најчесто земаат уште една карта. Играчите имаат право да земат колку што сакаат карти, но нивниот збир не смее да биде над 21. Доколку земате повеќе карти, поголема е веројатноста да надминете збир од 21, па така добивката оди во казиното, односно добива дилерот.

За да научите основи на блекџек не треба многу време, а тоа е од суштинско значење за вашата шанса за победа.

Основи на блекџек
Основи на блекџек

Правила за блекџек

Дури и оној кој не е страстен казино играч, сепак може да игра Блек Џек. Не треба многу време за да ги научите едноставните основи правила и можете – дури и пред да ги знаете – да почнете да играте на некоја од масите за Блек Џек. Подолу ви нудиме објаснување како да започнете со игра.

Целта во Блек Џек, познат и како 21, е да се победи дилерот. За да се направи тоа, потребен ви е идеален збир од 21 на вашите карти, или барем збир кој е што поблиску до оваа добитна бројка. Играта почнува со тоа што вие, како играч, добивате две карти, а истовремено толку добива и дилерот од кои вие можете да ја видите едната.

Картите со бројки од 1 до 9 ја имаат истата вредност на нивните бројки при збирање на сумата која ја имате. Тоа значи дека 8-ката се брои за осум, а четворка за четири. Картите со слики (џандар, дама, поп) се бројат за 10, додека кецот се брои за 1 или 11, во зависност од тоа што повеќе ви одговара во комбинација со другите. Вредноста на карите останува додека играта е во прогрес. Откако ќе ги видите вашите две карти, одлучувате дали сакате уште или запирате со барање на нови карти од дилерот. Кога ќе одлучите да запрете, на ред е дилерот да се обиде во име на казиното да погоди збир од 21 или што е можно поблиску до таа сума.

Победник во блекџек

Ако имате две карти, едната со слика, а другата е кец, тоа се вика Блек Џек и во тој случај вашата добивка е 2,5 пати поголема од паричниот влог кој сте го направиле. Во случај на било која друга победа, вашиот влог се удвојува како добивка. Што значи, ако вложите сто долари, вашата добивка ќе изнесува дополнителни сто долари, или вкупно двесте долари. Доколку вашиот дилер има Блек Џек истовремено со вас, вашите пари ќе ви бидат вратени.

Ако збирот на вашите карти е поголем од 21, играта е загубена. Треба да знаете дека доколку и вие и дилерот имате збир поголем од 21, тогаш дилерот ги добива парите. Блек Џек, исто така, подразбира и вештина на тактизирање кога сте под притисок во неизвесна ситуација и мора да пресечете дали вреди да барате уште една карта со ризик да го надминете збирот од 21. Ако вие и дилерот имате ист збир на картите и тој е под 21, паричниот влог ви се враќа.

Ако дилерот има збир од 16 или помалку, тој мора да влече карта, додека ако има збир од 17, тогаш може да остане на таа бројка без да бара карта. Тоа значи дека треба да сте внимателни колку блиску до 16 е дилерот. Во таков случај тој ќе треба да влечи карта, дури и ако истата вам ви донесе победа и добивка.

Токму тој тактички момент истовремено ја прави играта интересна и возбудлива. Кога играте Блек Џек имате неповторливо искуство на возбуда и шанса да освоите добра сума на пари. Поради тоа, Блек Џек е многу популарна и распространета казино игра, но не седнувајте на маса додека не погледнете основи на блекџек.